Инфлуенсерите не се бескорисни: Листа од осум влијателни луѓе од Македонија која има позитивно влијание на младите
Во време кога често се вели дека инфлуенсерите немаат вистинска професија и дека нивната популарност е краткотрајна, на македонската сцена сè повеќе се издвојуваат имиња кои ја менуваат таа перцепција.
Тие не се само лица од екранот, туку луѓе со професии, таленти и визии кои своето знаење и искуство го споделуваат со цел да инспирираат.
Тоше Зафиров
Познат по својот хумор и харизма, Тоше преку своите видеа промовира спортски дух, дисциплина и живот без пороци. Со тоа станува пример за младите дека здравиот животен стил и позитивната енергија се избор, не случајност.

Маја Дукова
Патувањата се нејзина инспирација, а секој нејзин пост е практичен водич за нови дестинации. Таа покажува дека љубопитноста и авантуризмот се пат до самопознавање.

Ива Красива
Неуморно готви и споделува рецепти кои ги поттикнуваат младите да ја ценат домашно приготвената храна. Нејзиниот профил е вистинска ризница на идеи за здрави и вкусни јадења.

Александар Михајловски
Актер по професија, познат по својата школа за млади таленти. Иако е син на Тони Михајловски, Александар го изгради своето име преку труд, креативност и искрена љубов кон театарот.

Татјана Алексиќ
Професорка по македонски јазик и јавна личност која храбро зборува за образованието и општествените вредности. Нејзиниот глас е секогаш јасен, аргументиран и мотивирачки.

Фото извор: Мета
Гере Трипков
Човек со огромна волја и сила на умот. И покрај телесниот недостаток, Гере активно работи за унапредување на човековите права и инспирира дека ограничувањата постојат само во умот.

Мери Амбросова
Психолог која на социјалните мрежи споделува совети за менталното здравје, односите и самодовербата. Нејзините објави се извор на поддршка и мотивација.

Ненад Лазаров
Гинеколог и акушер, кој преку своите објави едуцира, мотивира и охрабрува. Со стручност и искреност ја руши дистанцата меѓу лекарот и пациентите.

Овие личности се доказ дека инфлуенсерството може да биде многу повеќе од тренд – може да биде сила што менува животи, создава вредности и ја гради свеста на новите генерации.
М.С.К -
*Ставовите изнесени во текстот се субјективни ставови на редакцискиот тим и сигурни сме дека листата е многу поголема, но овој пат нашиот избор е сумиран во оваа листа.