Новата година пречекај ја негувана и со убава шминка
Нова година, нови шанси за да го ослободите својот сјај. Ова е вистинското време да се грижите за себе и да ја откриете убавината која ја носите во себе. Во dm ќе најдете широк избор на квалитетни производи за нега на лице, шминка и декоративна козметика, придружени со СЕКОГАШ ПОВОЛНИ цени што ви овозможуваат да си дозволите нови комбинации и стилови без двоумење.
Ова е нашиот новогодишен makeup предлог за вас:
Секој добар изглед започнува со добра подлога. Убаво хидрирајте ја кожата на лицето со нанесување на HADA LABO TOKYO SUPER HYDRATOR лосионот за лице кој интензивно ја хидрира и освежува кожата, оставајќи ја мека, сјајна и длабоко хидрирана.Потоа за да ги прекриете малите несовршености и темните кругови нанесете L'ORÉAL PARiS Infaillible течната пудра која обезбедува природен и свеж изглед со долготрајна покривност до 32 часа. За додавање на контуриран облик на лицето нежно нанесете го MAX FACTOR Creme Puff руменилото кое нежно се нанесува и овозможува природен, сјаен свеж изглед на лицето.
Преоѓаме на очите, каде благодарение на REVOLUTION Forever Flawless палета со сенки за очи - Affinity имаме широка колекција на богати и пигментирани нијанси кои овозможуваат креативно и долготрајно шминкање за секоја пригода. Наш предлог за Новогодишен изглед е комбинација од сенките Reveal и Aspire кои во комбинација со хитот за оваа сезона - s-he glitter светкавиот туш за очи создаваат впечатлив празничен look. Бидејки овој туш остава печат сам по себе нема потреба да се става ништо повеќе на очите, надополнете само со убава маскара. А, кога веќе сме кај маскара – наша топла препорака е Maybelline Sky High, го продолжува и зголемува волуменот на трепките до максимум, со лесна и флексибилна четка која овозможува совршено обликување за драматичен и прецизен изглед.
И како за крај, усните изразете ги соAURA MATTE Classicза долготраен мат финиш и спремни сте за Новогодишната магија!
Без разлика колку забавен и полн со возбуда ќе биде новогодишниот провод, секогаш запомнете да ја тргнете шминката пред спиење со мицеларната вода NIVEA SKIN GLOW за новата година да ја започнете со чиста, негувана кожа и сјајна кожа.
Играјте со текстури и бои и создадете уникатен look кој ќе ве направи да се чувствувате посебно. Започнете ја вашата авантура во новата година. Во dm дрогерие маркт, секој од овие производи е достапен по СЕКОГАШ ПОВОЛНА цена, што значи дека можете да експериментирате без да се грижите за буџетот. Доколку сакате да откриете повеќе прекрасни производи по секогаш поволни цени, посетете ја нашата вебстрана. Време е да го откриете вашиот уникатен сјај и да се чувствувате прекрасно!
*ПР објава