НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Добивај вести на Viber


На престижната церемонија на финансискиот магазин „The Banker“ во Лондон, НЛБ Банка Скопје ја понесе титулата „Банка на годината“ за 2024 година. Ова признание ја потврдува континуираната посветеност на Банката кон извонредност, иновации и услуга на клиентите во банкарскиот сектор.

Наградата „Банка на годината“ претставува репер за квалитет и достигнувања во глобалната банкарска индустрија. Секоја година, The Banker оддава признание на водечките банки ширум светот кои покажале исклучителни перформанси и лидерство на нивните пазари во насока на стратешки иницијативи, технолошки иновации, програми за одржливост и услуга за клиентите.

Издвојувајќи се токму по своите силни финансиски резултати, клиентски ориентиран пристап, посветеност кон дигиталната трансформацијаи зелено финансирање, НЛБ Банка Скопје, по дванаесетти пат, ја доби оваа престижна награда.


„Водени од очекувањата на клиентите за дигитални услуги, персонализација и одржливост, вложивме во напредни технологии и зелени иницијативи. Во текот на изминатата година ја унапредивме нашата дигитална платформа и развивме финансиски решенија прилагодени на потребите на клиентите. Нашиот врвен приоритет е трансформација во целосно дигитална банка, при што истовремено ја продлабочуваме довербата на клиентите, поттикнуваме иновации и продолжуваме да бидеме одговорни лидери на пазарот.“- истакнува Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Тони Стојановски и додава дека оваа награда е само уште една потврда за улогата на Банката во финансискиот систем и севкупниот економски развој во земјата.

Во текот на минатата година, НЛБ Банка направи значителни инвестиции во решенија за дигитално банкарство, обезбедувајќи беспрекорни, безбедни и лесни за користење искуства за своите клиенти. Фокусот на Банката на технолошкиот напредок и одржливиот раст ѝ помогна да испорача широк спектар на иновативни производи и услуги прилагодени за да ги следат еволуирачките потреби на поединците и бизнисите.

Истовремено, како резултат на засилената деловна активност и внимателното управување со ризици, НЛБ Банка оствари зголемена нето добивка и забележа раст на кредитите и депозитите, притоа континуирано вложувајќи во општествено корисни проекти и иницијативи.

За The Banker

Меѓународната публикација за финансии The Banker е во сопственост на The Financial Times Ltd. Речиси еден век, The Banker е водечки светски магазин кој ја следи банкарската индустрија преку теми поврзани со глобалните финансиски случувања, отсликани преку мислења, профили и интервјуа на банкарски и финансиски фигури. Признанијата на The Banker за „Банка на годината“ се сметаат за Оскари во банкарската индустрија и истите се доделуваат на врвни финансиски институции во светот.

*пр објава