Блесна 18 -метарската елка во Солун: Илјадници граѓани на дожд го дочека празничниот сјај на градот (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Спектакуларната церемонија на палење на новогодишната елка во Солун и годинава се одржа под дожд – втор пат по ред – но ниту времето не ја намали еуфоријата на илјадниците граѓани кои ги преполнија улиците околу плоштадот Аристотелус.


Градоначалникот на Солун, Стелиос Ангелудис, даде сигнал илјадниците светилки да се запалат на импресивната 18-метарска елка поставена во срцето на градот, упатувајќи им на присутните честитки за „среќни празници“. Во истиот момент, небото над Солун беше осветлено од спектакуларни огномети кои ја заокружија празничната сцена.

View this post on Instagram

A post shared by  (@parapolitika)

Церемонијата традиционално беше проследена со музичка програма, создавајќи вистинска празнична атмосфера што жителите на Солун секоја година ја негуваат и ја споделуваат со посетителите.


РЖМ 
Фото: Инстаграм/ Принтскрин Видео