Гама нож: Операција на мозок без ниту еден засек

Добивај вести на Viber

Во Групацијата за здравствена заштита „Аџибадем“ во Турција се користи радиохирургија со гама нож за лекување на тумори на мозокот без отворање на черепот. Оваа напредна технологија користи прецизни гама зраци надвор од черепот за таргетирање и уништување на туморите, елиминирајќи ја потребата од операција.

Туморите на мозокот често се вид на тумори од кои пациентите најмногу стравуваат. Дијагностицирањето тумор на мозокот, без разлика дали за себе или за некој близок, може да биде мошне трауматично. Многу луѓе замислуваат операција што подразбира отворање на черепот и отстранување на туморот од чуствителното мозочно ткиво. Во „Аџибадем“, покрај тоа што стручно се изведуваат тие операции применувајќи големо искуство и најсовремена технологија, се нуди и третман со гама нож, што е полесна и неинвазивна алтернатива на традиционалната хирургија на мозокот.


Прецизен, безбеден и ефикасен третман за тумори на мозокот

Гама ножот може да се користи за лекување на разни невролошки заболувања, вклучувајќи тумори на мозокот, артериовенски малформации (АВМ), кои се цереброваскуларни абнормалности, и тригеминална невралгија, состојба што се карактеризира со силна болка во лицето. Сепак, најчестата употреба на оваа технологија е за лекување на бенигни и малигни тумори на мозокот.

Последните речиси 20 години во „Аџибадем“ се лекуваат повеќе од 6000 пациенти со бенигни тумори и речиси 2000 пациенти со малигни тумори. Различни видови тумори може да се третираат со гама нож. Гама ножот вообичаено се користи за бенигни тумори на мозокот, како што се менингиоми, вестибуларни шваноми и тумори на хипофизата. Може да се користи и за глиоми, односно малигни тумори кои потекнуваат од сопствените клетки на мозокот. Метастазите во мозокот, кои се јавуваат кога туморот се шири од друг дел на телото во мозокот, исто така, може да се третираат со гама нож. Може да се користи и за единечни и за повеќекратни метастази.

Гама нож може да се користи на различни начини за лекување тумори на мозокот. Може да се користи како примарен третман за елиминирање тумори на мозокот. Може да се користи и по операција за ресекција на тумор за да се постигнат подобри резултати. Дополнително, кај рекурентни тумори, што значи дека туморот претходно бил отстранет со операција, но се повторил, гама ножот може да помогне во спречување на понатамошен раст без потреба од дополнителна операција.

Одделение за терапија со гама нож во „Аџибадем“: Искуство, напредна технологија и посветена грижа

Третманот со гама нож е достапен во ограничен број центри низ целиот свет. „Аџибадем“ се издвојува како еден од водечките центри, а се одликува со овие три значајни карактеристики:

Искуство: Тимот за неврохирургија на „Аџибадем“ е пионер во прифаќањето на третманот со гама нож во регионот. Првото одделение за терапија со гама нож во Турција е основано во 1997 година во државна универзитетска болница од страна на неврохирурзи кои подоцна се приклучуваат и продолжуваат да работат во Групацијата за здравствена заштита „Аџибадем“. Третманот со гама нож во „Аџибадем“ започна во 2006 година, со што стана првата приватна институција за здравствени услуги што го нуди ова лекување во земјата. Повеќе од 11.000 пациенти од целиот свет се третирани со гама нож во „Аџибадем“.

Технологија: Напредокот во здравствените технологии ја трансформира неврохирургијата, а гама ножот е една од иновациите што го револуционизира лекувањето на одредени тумори и лезии на мозокот. Со текот на времето, воведени се различни модели на гама нож. Во „Аџибадем“, постојано се прифаќа најновата верзија на оваа технологија за да се обезбедат најдобри можни резултати за пациентите.

Посветеност: Во „Аџибадем“, специјализиран тим од неврохирурзи, радиотерапевти-онколози и медицински физичари е посветен на лекувањето со гама нож. Располагањето со тим исклучиво фокусиран на Одделението за терапија со гама нож обезбедува прецизна грижа за пациентите, овозможувајќи персонализирано внимание, соодветно планирање на лекувањето и континуирана комуникација по процедурата. Овој тимски пристап гарантира дека се задоволени уникатните потреби на секој пациент и му овозможува на тимот да утврди кои специфични тумори и лезии се најпогодни за третман со гама нож.

*ПР објава