Направи ја оваа салата за слава па и гостите ќе се крстат колку е добра: Кетонец сподели рецепт за највкусната зимска крем салата

Добивај вести на Viber

Познатиот готвач Кетонец, кој со своите рецепти базирани на кето исхрана стекна илјадници следбеници на социјалните мрежи, повторно привлече внимание со нова празнична идеја. Овој пат станува збор за салата со пилешко месо, која, иако е дел од кето концептот што исклучува јаглехидрати и се фокусира на протеини, може совршено да се вклопи и во традиционалната македонска празнична трпеза.

Кетонец, кој веќе е препознатлив по своите креативни комбинации на вкусови и едноставна подготовка, вели дека рецептите што ги споделува се наменети за луѓе кои сакаат да јадат здраво, но и вкусно, без да се откажат од уживањето во храната.

Новата салата, како што вели готвачот, е совршена за време на божиќните пости или за слави, бидејќи може да се прилагоди и во посна варијанта – без месо, со зеленчук и сос од растително потекло. Токму затоа неговиот рецепт стана вистински хит меѓу следбениците кои сакаат модерни, но прилагодени домашни оброци за празниците.

„Ова е комбинација на вкус и здравје,“ напиша Кетонец под објавата, потсетувајќи дека празничната трпеза може да биде и посна и вкусна во исто време.

Целиот рецепт и начинот на подготовка погледнете го во продолжение.