Вака се сака Македонија: Спасен Силјаноски запеа на слава, расположени гости и богата трпеза, кадар што го забележа Андријана Алачки

Добивај вести на Viber

На празникот Пречиста Богородица, познатиот уметник и водител Спасен Силјаноски повторно покажа дека е душата на секоја слава или приватна, домашна прослава.

Со хармониката во раце, тој го оживеа духот на празникот, внесувајќи веселба и радост меѓу присутните гости. Целиот момент на спонтано музичко дружење го забележала познатата фолклористка и уметница Андријана Алачки, која сподели дел од атмосферата исполнета со песна и добри вибрации.

На трпезата, како што налага празникот, можеше да се види богата посна гозба со традиционални македонски специјалитети – маслиново масло, варен грав, риба, сарми и домашни колачи, сè подготвено со љубов и внимание.

Освен што докажа дека е одличен домаќин, Силјаноски уште еднаш потврди дека ја користи секоја приватна прилика да ги развесели луѓето околу себе и да ја одржи живата традицијата на македонската песна. 

Сцени полни со насмевки, музика и семејна топлина ја претворија славата во вистинска прослава на духовноста, заедништвото и радоста.