Триумфираше на „Ѕвездите на Гранд“ а сега ја освојува и Австралија: Никола Станишиќ амбасадор на македонската песна преку океанот

Добивај вести на Viber

Еден од најталентираните македонски пејачи и победници на најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, продолжува со впечатлива кариерна приказна по големата победа.

 Младиот уметник неодамна сподели со своите следбеници дека се наоѓа во Мелбурн, Австралија, што веднаш предизвика интерес и претпоставки дека таму е и работно ангажиран, претставувајќи ја македонската песна пред нашата дијаспора.

Станишиќ, кој уште со своите настапи во Гранд го освои регионот со емоција, вокална сила и скромност, очигледно не планира да застане. 

Австралиската јавност веќе го прифати со симпатии, а неговите настапи се очекувани меѓу Македонците кои живеат таму.

Иако млад, Никола се издвојува со професионализам и посветеност, а колегите го опишуваат како едноставен, вреден и целосно посветен на музиката

По сè изгледа, ова е само почеток на едно ново поглавје во неговата кариера – од победник на „Ѕвездите на Гранд“ до амбасадор на македонската песна на другиот крај од светот.

Публиката очекува нови песни, настапи и, секако, следната голема сцена на која Никола повторно ќе покаже зошто токму тој е едно од највредните имиња на новата македонска генерација пејачи.




М.С.К / Фото: Принтскрин Мета