„ЌЕРКА ТИ СКРШИ ВИЛИЦА И НОГА, И ТРЕБААТ ЗЛАТНИ ШИПКИ“ - нов метод на мамење повозрасни граѓани
Уште еден случај во кој е измамена поврозрасна битолчанка за поголема сума пари. Како што соопштува Министерството за внатрешни работи, во оваа измама е искористена слична шема со лажен несреќен случај, само што не станува збор за сообраќајна незгода. Од измамената битолчанка е одземена сума од 20.000 евра.
- На 03.12.2025 во 10:19 часот во СВР Битола, 70-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило и ја известило дека нејзината ќерка паднала по скали и ја искршило вилицата и ногата и дека требало да и се стават златни шипки.
Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна откако ѝ се јавила нејзината ќерка сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - се наведува во пријавата.
Извор: ФАКТОР