Тијана Скулиќ прави сарма за медаља: Кој не проба да ја направи е мрза, вели таа (ВИДЕО РЕЦЕПТ)
Тијана Скулиќ е едно од оние ретки млади лица кај кои талентот за готвење не се учи – се раѓа. Уште од најмала возраст, таа ја негува љубовта кон кујната, а денес нејзините специјалитети се вистинско уживање за најблиските. Најмногу, пак, за инфлуенсерката Миа Костова и нејзиниот син Андрија, кои секогаш први ги пробуваат нејзините нови кулинарски идеи.
Овој пат, Тијана на својот Инстаграм профил сподели рецепт кој веднаш предизвика интерес – сарма „за медаља“. Со доза хумор и многу самодоверба, таа ја опиша како „лу-дни-ца“, додавајќи дека е совршено зачинета благодарение на „рачињата на Миа и нејзината магија со зачини“. Токму нивната близина, заедничките моменти и нежната врска што ја градат, се одразуваат и во ова мало славење на домашната кујна.
„Кој не проба да ја направи е мрза“, напиша Тијана низ смеа, но токму со ова поттикна многумина да го зачуваат рецептот. Таа откри и што ѝ е потребно за оваа традиционална македонска вкусотија: праз, лукче, доматно пире, црвен пипер, сол, бибер, ориз, сланина и ловоров лист. На прв поглед едноставно, но во нејзина изведба – вистинска гастрономска поезија.
Коментарите веднаш се нижаа, а следбениците препознаа уште едно ремек-дело на младата готвачка чии јадења, како што велат многумина, „се јадат со душа“.
Тијана и Миа повторно покажаа дека љубовта и храната одат рака под рака – особено кога се споделуваат со срце.
РЖМ/ИС - ФОТО: Инстаграм принтскрин