Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна
Овче Поле е претежно рамничарска котлина, со благи ридести делови во северниот и средишниот дел.
Овчеполието датира уште од античкиот период. Населбата првобитно се протегала североисточно од денешната црква „Свети Стефан“, но поради мочурливото земјиште и нездравите услови за живеење, уште кон крајот на 3 век пр. н.е. била преместена на десната страна на Светиниколска Река во месностите Рудина, Свети Спаси и денешно Рецко Маало, што е дел од Свети Николе. Најверојатно античкото име на населбата било Пробатон, кое во 7 век било сменето во Овче Поле. Во средновековните пишани извори прв пат Овче Поле како населба (тврдина) и пошироко Овчеполието како област се споменуваат во 13 век. Во 124 год. Никејската војска покрај другите места во Македонија го зазела и Овче Поле. Кон крајот на 13 век, во населбата која се уште го носи името Овче Поле, била изградена црква посветена на чудотворецот свети Никола. За црквата е поврзана легендата за чудотворното излекување на српскиот крал Стефан Дечанки.
Камен на
плодноста
Среде рамно Овче Поле, во атарот на селото Пеширово, на 7 километри
оддалеченост од магистралниот пат Свети Николе – Штип, на левата страна на селото
Ерџелија, се наоѓа огромен камен за кој се верува дека има лековита моќ. Во
народот познат како Говедаров затоа што уште многу одамна на него се качувале
говедарите за да видат дали пасат нивните стада.
Легендата вели дека каменот почнал да се смета за исцелител на женската плодност уште од дамнешно време како живеел некој цар, кој имал само ќерки.
Затоа кога царицата останала повторно бремена, тој, пред да замине во војна, и се заканил воопшто да не го чека ако и ова дете биде женко.

Царицата родила машко дете, но нејзините дворјанки го замениле детето со едно циганско машко дете. Кога се вратил царот, ја слушнал саката вест. Годините минувале, а лажниот царски син растел и се повеќе ги покажувал особеностите на својот цигански род, додека вистинскиот царски син, како цигански посинок, ги чувал селските говеда.
Но додека ги чувал говедата околу каменот се замислувал дека тие се војска, а тој од оттаму командувал како вистински цар. На царот му станало сомнително однесувањето на лажниот син. Затоа сурово им се заканил на дворјанките да ја кажат вистината.
Царот се уверил дека тоа е неговиот син и прегрнувајќи го, благослови сите оние што немаат деца да доаѓаат овде и да си најдат лек за својата мака.
Кај Говедаров камен секоја година на Ѓурѓовден доаѓаат многу невести за да побараат лек за својата мака.
Извор: Книга „Истражи ја Макеоднија“Фото: Википедија