Ќе се изненадите што сѐ е пронајдено во скопски гробници од пред 3200 години: Македонски археолог откри како се закопувале мртвите во минатото

Добивај вести на Viber

Македонскиот археолог Киро Ристов направи значајно откритие во скопското село Варвара, каде при археолошки истражувања биле пронајдени гробници кои датираат од Железното време и Античко време, односно стари околу 3.200 години

Наодите откриваат дека погребните обичаи на нашите предци речиси и не се разликувале од денешните.

„Она што е особено интересно е што и тогаш се почитувала традицијата на придружни дарови во гробовите,“ објаснува Ристов. 

Во пронајдената некропола кај Варвара, покрај скелетите биле откриени накит, керамички садови и други предмети, кои, според археолозите, имале симболична улога во замолување за спокој на душата во задгробниот живот.

Накит пронајден на некрополата кај Варвара 

Археолошкиот тим смета дека овие наоди откриваат многу за духовноста и верувањата на луѓето од тој период, кои, и покрај ограничените ресурси, имале длабоко чувство за ритуал и почит кон покојниците.

Ристов дополнително истакнува дека во некои гробови биле пронајдени коски од повеќе тела, што укажува дека и тогаш едно гробно место често служело за повеќе погреби, слично како што се практикува и денес.

Откритието во Варвара претставува значаен придонес за археологијата во Македонија и нуди ретка можност да се завири во животот и верувањата на луѓето кои живееле на овие простори пред повеќе од еден милениум.

Извор: Варвара - некропола од Железно време и Римскиот период (книга на Киро Ристов)

М.С.К