„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер за Македонија

Добивај вести на Viber

Познатиот јутјубер NanoBytesInc, кој има милиони прегледи на своите авантуристички видеа, започна нов предизвик – да открие колку долго може да преживее во европските земји со само 100 долари

Во две нови видеа, тој ја избра Македонија и го покажа животот низ Скопје со буџет од околу 6000 денари.

Со впечатлива едноставност, NanoBytesInc прикажува како во македонската престолнина може да се ужива во цел ден исполнет со оброци, пијалаци и авантури – без да се потроши богатство. 

На видеото се гледа како купува сок и ужинка во локална пекарница, јаде вкусен ручек во традиционален ресторан, престојува во чист и модерен хостел и дури одвојува пари за кафе и десерт во центарот на градот.

„Скопје е прекрасно место за патници кои сакаат да добијат многу за малку пари. Храната е одлична, луѓето се гостопримливи, а градот има уникатна енергија,“ вели тој во видеото.

Сепак овој впечаток му се поправи откако помина неколку дена во Скопје, познатиот јутјубер признава дека првичниот впечаток за Скопје му бил очаен, затоа што хостелот во кој престојувал имал бубачки на креветот.

Најголем впечаток врз него оставила посетата на Спомен-куќата на Мајка Тереза.
„Не знаев дека таа е од Македонија, но знаев за неа – дека е најдобрата личност на светот,“ изјави NanoBytesInc видно воодушевен од нејзината животна приказна.

Јутјуберот заклучува дека Скопје е скриен европски бисер – град каде што со мала сума може да се доживее многу, а секој потрошен денар носи топлина, вкус и искрена човечност.



Фото извор: YT printscreen