„Плаче срце од три страни“ ја воодушеви и Тања Лазаревска: Прегрнат со македонско знаме Никола Станишиќ запеа на прослава во Австралија

Добивај вести на Viber

Овогодинешниот победник на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, отпатува во Австралија, каде што настапи на приватна прослава и создаде вистинска еуфорија меѓу присутните Македонци.

На видеото кое го сподели пејачката Татјана Лазаревска, се гледа како Станишиќ, обвиен во македонското знаме, ја изведува легендарната песна „Бисер Балкански“ – еден од најголемите македонски хитови што секогаш буди емоции и гордост кај иселениците.

Во моментот кога Никола ја запеа песната, атмосферата во салата стана неверојатна: двајца музичари на тапан му даваа ритам, Татјана го снимаше величествениот момент, а на средината од салата се фати македонско оро.

Сцената беше вистински празник на емоции и носталгија – симбол на тоа колку музиката ги поврзува Македонците каде и да се во светот. Настапот на Станишиќ во Австралија уште еднаш потврди дека неговиот талент и харизма ги надминуваат границите, оставајќи траен впечаток кај публиката.