Џабе го имаме ајварот, кога светски туристи одат во српски ресторани да го јадат: Престижните магазини децидни - македонските ресторани со јаки цени и неадекватна услуга

Добивај вести на Viber

Иако македонскиот ајвар е најпорепознатлив заштитен знак на македонската гастро култура, ова сознание сѐ почесто останува само како споменарка во домашните кругови.

Ајварот, иако историски има централно место во македонската гастро култура, а особено неговите поткатегории како макало, лутеница, малиџано и пред се македонскиот пинџур, тие сѐ помалку се конзумираат на своето автохтоно подрачје. Рестораните низ светот, каде што се нуди македонска храна ги препорачуваат како „оброк на денот“ или нешто што „мора да се проба“. Македонски ајвар е скоро задолжителен дел, од секоја ладна даска која се сервира како предјадење во српските ресторани. 

Некаде фотографии од македонскиот ајвар ќе ги најдете потпишани и како „Bulgarian sauce“ / Фото извор: Freepik

На годинешнава листа на Мишленовиот водич, кој е престижен гастро-туристички магазин со француско потекло, но меѓународно влијателен, не се најде ниту еден македонски ресторан кој ги задоволува стандардите на искусните гастрономи и познавачите на гастро културата. 

Колку за споредба на листата на истиот гастро-туристички магазин се најдоа дури 5 нови ресторани од Србија кои во своето мени нудат и специјалитети кои се дел од домицилната гастро култура на Македонија. 

Малиџано /  Фото извор: Freepik

Граѓаните на социјалните мрежи сѐ почесто искажуваат незадоволство од цените кои се астрономски, но гастрономскиот дел не кореспондира со наплатата. Се нудат услуги кои не се воедначени со цените на рестораните. 

За скоро истите пари што ќе ги одвоите за ручек во Скопје, можете да јадете пристојно и на некоја туристичка дестинација која во овој период на годината е многу поатрактивна, што поради новогодишните базари, што поради новогодишната бајка во која се претворени главните улици на градот. 

Во споредба со Солун, Ниш, па и Тирана, цените на скопските ресторани се во истиот ранг, но тие не се препознаени како услуги со добар квалитет од престижните гастро водичи. 

М.С.К / Фото извор: Freepik