Eлегантна белина и раскошна новогодишна атмосфера: Домот на актерката Владанка Крстевски блеска во празнично руво

Добивај вести на Viber

Познатата актерка и водителка Владанка Крстевски, член на ансамблот на Кумановскиот Народен театар „Трајко Прокопиев“ и лице на популарната емисија „Качамак“ на Сител Телевизија, годинава вложи особено внимание во новогодишното украсување на својот дом.

Препознатливиот минималистички и елегантен стил, кој преовладува во нејзиниот дом, така и празничната декорација зрачи со истата префинетост.

Во домот доминира белата боја, која создава чиста, мирна и модерна празнична атмосфера. Новогодишната елка, поставена во централниот дел од дневната соба, е покриена со снежно-бели гранчиња, а украсена со црвени и златни лампиони, машнички и детали кои внесуваат топлина во студениот, зимски тон.

На фотографиите се забележува просторно, светло и стилски уредено катче — со современ лустер, нежни декоративни светилки и мебел во меки, светли нијанси. Еден агол е збогатен со зелена фотеља и празнично украсна перница, што внесува топлина и боја, додека белата модерна гарнитура ја заокружува целината со суптилен луксуз.

Празничната атмосфера е зачинета со детал како чаша црвено вино крената кон елката — момент што совршено го доловува чувството на мир, празнична интимност и уживање во домот кој зрачи со топлина и гостопримливост.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм