Ретро момент од Скопје: Ќе го препознаете ли македонскиот актер на оваа црно - бело фотографија?

Добивај вести на Viber

Актерот Драган Спасов Дац, едната половина од омиленото музичко дуо Дац и Александар, сподели ретка и драга ретро фотографија од своето детство. Црно - бела фотографија, направена пред поранешната Стоковна куќа во Скопје, Дац позира заедно со својата мајка, извор на топлина и спомени од едно минато време.

„Мајка ми и јас, веројатно пред излог на Стоковна Куќа“, напиша Дац под фотографијата, која веднаш предизвика емоции и безброј реакции од следбениците.


Овие ретро фотографии секогаш носат посебна тежина — водат назад во едно поедноставно време, исполнето со семејни моменти, спонтани насмевки и урбани мотиви што одамна ги нема. Тие потсетуваат дека спомените, особено оние со најблиските, остануваат највредното нешто што го чуваме.

И затоа, без разлика кога ќе ги погледнеме, старите фотографии секогаш будат носталгија, топлина и чувство на благодарност за миговите што некогаш ни изгледале обични, а денес се вистински драгоцени.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Фејсбук