Андријана Јаневска на предновогодишно патување: Прослави роденден со синовите во две европски метрополи

Добивај вести на Viber

Декември традиционално е еден од најубавите месеци во годината – период кога многумина одлучуваат да заминат на патување во големите европски метрополи и да ја почувствуваат предновогодишната магија што ги обојува улиците, плоштадите и празничните пазари.

Меѓу нив е и пејачката Андријана Јаневска, која овој предновогодишен период го искористи за мало семејно бегство од секојдневието, но и да го прослави нејзиниот роденден. Заедно со своите синови, Димитар и Христијан, таа отпатува во Виена и Братислава, два града кои во декември блескаат со посебен сјај.

View this post on Instagram

A post shared by Andrijana Janevska (@andrijana_janevska)

Семејната тројка уживаше во прошетки низ украсените улици и раскошните плоштади, а особено биле воодушевени од архитектурата која плени со својата историја и елеганција. Посетата на култни знаменитости, музеите и атракциите интересни за децата биле дел од нивната мала авантура, исполнета со многу насмевки и заеднички моменти.

View this post on Instagram

A post shared by Andrijana Janevska (@andrijana_janevska)

Покрај тоа, Јаневска откри дека не може да се одолее на гастрономската понуда на двата града – од традиционални специјалитети до слатки кои совршено се вклопуваат во празничната атмосфера.

Судејќи по фотографиите и импресиите, овој предновогодишен одмор им понудил идеална можност да наполнат батерии, да создадат нови семејни спомени и да ја почувствуваат магијата на празниците на едни од најубавите европски дестинации.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм