Се ожени помошникот на Тошковски: Ја побара раката на свршеницата на најромантичното место во Европа
Помошник-министерот за граѓански работи, Јован Алтанџиев, го сподели најубавиот момент од својот приватен живот – свршувачката со својата сакана Ана Марија Михајлова.
На својот профил на социјалните мрежи тој објави фотографија на која двајцата позираат со широки насмевки, а Ана Марија гордо го покажува својот свршенички прстен. Во описот на фотографијата стои само едноставниот, но најмоќниот збор – „ДА“.
Она што веднаш го привлече вниманието на јавноста е локацијата на која Алтанџиев го поставил најромантичното прашање – токму пред Ајфеловата кула во Париз, симболот на љубовта и вечниот романтизам. Со светлата на градот во позадина и прстенот што блеска на нејзината рака, моментот изгледа како сцена од филм.
Објавата на младата двојка предизвика лавина од честитки и пораки со најубави желби за среќен заеднички живот. Пријатели, колеги и следбеници му посакаа на парот љубов, разбирање и безброј заеднички мигови исполнети со радост.
Јован Алтанџиев, кој важи за еден од помладите, но исклучително активни функционери, со овој гест покажа дека и покрај обврските, секогаш има место за љубовта. Фотографијата од Париз со својата емоција и симболика, уште еднаш потврдува дека вистинските приказни за љубовта секогаш се најубаво испишани под светлата на градот на светлината.