Светските портали со шок тврдење: „Тавче гравче не е најоригинален производ на Македонија, но ова е поуникатно и од италјанската пица“

Добивај вести на Viber

Иако тавчето гравче со години се смета за симбол на македонската кујна, светските гастрономи изненадувачки ретко ја препознаваат Македонија токму по ова јадење. 

Иако е прва асоцијација кај туристите и често се најавува како „најтрадиционално македонско јадење“, експертите за гастрономија велат дека неговото потекло и рецептура не се исклучиво македонски.

Тавчето гравче, навистина омилено на нашите трпези, има свои варијанти низ целиот Балкан – од српското „prebranac“ до бугарското „bob chorba“. Затоа, кога се зборува за најавтентичен македонски гастрономски производ, сè почесто во светските гастро-кругови се спомнува пастрмајлијата.

Овој печен деликатес, направен од тесто врз кое се реди свинско или пилешко месо, се смета за јадење со корени длабоко впишани во македонската традиција, особено во Велешко и Штипско. 

Пастрмајлијата има свој празник, фестивал и десетици варијанти, но секогаш ја задржува својата едноставност – тенко тесто, сочни парчиња месо и препознатлив мирис што ја обележува нашата кујна.

Дури и на листата на познати светски гастрономски портали како Taste Atlas, токму пастрмајлијата се наоѓа на висока позиција на најоригинални јадења кои можете да ги јадете во Источна Европа. 

Гастрономите ја опишуваат како „македонска пица со душа“, јадење што ги спојува вековната традиција со домашниот вкус. Иако гравчето во тавче останува симбол на гостопримството и домашната трпеза, пастрмајлијата денес се наметнува како најрепрезентативниот автентичен гастрономски производ на Македонија – вистински бренд што ја претставува земјата во светот преку вкус, мирис и приказна.

Фото извор: Википедиа