Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Со донација на нова компјутерска опрема за учениците од ДУЦОР „Партенија Зографски“ во Скопје, Халкбанк АД Скопјереализираше активност насочена кон унапредување на наставата и поддршка на децата со посебни образовни потреби. Опремата е наменета за полесен пристап до дигитални едукативни содржини, интерактивни програми и современи алатки што го поттикнуваат индивидуалниот развој.
Донацијата беше предадена во просториите на училиштето, во присуство на претставници на Халкбанк и претседателот на СОНК, што дополнително ја нагласи важноста на заедничката поддршка за унапредување на образовниот процес. Присутните имаа можност да се запознаат со секојдневните предизвици и потреби на учениците и наставниците, како и со значењето што новата опрема ќе го има во создавањето пофункционална и поинклузивна наставна средина.
„Во Халкбанк веруваме дека секое дете заслужува еднаква можност да учи и да расте, а технологијата може да биде клучниот елемент што ги отвора тие можности. Со оваа донација сакаме да придонесеме кон поинклузивно училишно опкружување и да им дадеме поддршка на наставниците кои секојдневно работат со исклучителна посветеност. Нашата соработка ќе продолжи и во 2026 година, затоа што вложувањето во развојот на младите е вложување во заедничката иднина“ - истакнуваат од Банката.
Халкбанк останува посветена на иницијативи што создаваат долгорочна општествена вредност и реално ја унапредуваат заедницата. Преку ваквите проекти, Банката продолжува да гради средина во која секое дете ќе има услови да напредува, да добие поддршка и да ја почувствува важноста на својот потенцијал.
*ПР објава