Koj ќе се грижи за твоите најмили ако утре не можеш ти?

Добивај вести на Viber

Никој од нас не сака да размислува дека нешто лошо може да се случи. Секојдневно работиме и планираме за подобра иднина на оние кој најмногу ни значат.

Но животот не оди секогаш по план.

Има ситуации што доаѓаат без предупредување и можат да ја нарушат стабилноста што внимателно сме ја создавале. Тешка болест или ненадејна загуба можат преку ноќ да ја изменат реалноста на едно семејство. Како ќе се снајде твоето семејство во овој случај?

Во време кога секојдневието носи сѐ поголеми предизвици, грижата за финансиската стабилност на семејството станува една од најважните лични одговорности. Иако повеќето луѓе вложуваат во образование, кариера и дом, малкумина размислуваат што би се случило доколку животот одеднаш се промени поради сериозна болест или ненадејна загуба.

Животното осигурување на Прва Живот „Прва Сигурност“ е решение создадено да обезбеди финансиска поддршка токму за моментите кога е најпотребна.

Наменето за лица од 14 до 70-годишна возраст, Прва Сигурност нуди финансиска заштита во случај на природна смрт или смрт како последица на несреќен случај (незгода). На овој начин ќе можеш да се осигураш дека твоето семејство ќе може да се справи со финансискиот товар поради непланираните трошоци и губењето на дел од приходите во семејството.

Со активирање на Дополнително осигурување од 30 најчести тешки болести, можеш да обезбедиш еднократна финансиска поддршка кој ја олеснува борбата со заболувањето што најчесто бара долготрајни третмани, специјализирана нега и/или пауза од работните обврски. Преку ова покритие, ќе може да се фокусираш на закрепнување, а не на финансискиот товар што неизбежно следи.

„Мисијата на ПРВА Живот е да ја подигне свеста кај населението за одговорноста која ја има секој што има семејство, свеста за сопственото здравје и последиците доколку тоа се наруши. Да бидеме оптимисти дека сè ќе биде во ред и да живееме безгрижно, но и да ги обезбедиме најблиските доколку се случи нешто несакано, а со тешки последици.“ – вели Предраг Милошевски, директор на ПРВА ЖИВОТ.

Животот не е Инстаграм. Уживај во добрите моменти, но осигурај се за лошите.

Со одделување на само мал дел од приходите на месечно ниво, секое семејство може да биде подготвено за предизвиците кои животот понекогаш ги носи ненадејно.

Закажи бесплатна консултација директно на телефонот +389 02 3122 980 или контактирај ги на нивните социјални мрежи Facebook, LinkedIn и Instagram.

ПР објава