По турбулентниот период, Теа Трајковска претставува соло проект: „Темата е директна и искрена, базирана на моја свежа лична приказна“ (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

По еден од најтурбулентни и најтешки периоди за неа, популарната поп‑пејачка Теа Трајковска го објави новиот сингл со наслов: „Не ми троши време“. 

Станува збор за ново музичко поглавје кое ја истакнува нејзината самостојност како артист, бидејќи “Не ми троши време” е проект, по претходните одлични и успешни соработки со Taско и DNK. 

Музиката и аранжманот како и секогаш се дело на Лазар Цветкоски, додека пак текстот го потпишуваат Теа и Tаско.Спотот овојпат е нешто поинакво од она што сме го гледале од Теа. Интересна љубовна приказна во која покрај неа, главна улога има и актерот Петар Стојанов. Режисер на оваа видеоприказна е Никола Наумовски. 

„Не ми троши време” е инспирирана од моментите кога поставуваме граници и си го враќаме својот мир. Темата е директна и искрена, базирана на моја свежа лична приказна. Пораката е дека треба да знаеме што заслужуваме и да не се задоволуваме со помалку. Идејата зад видеото е да прикажеме ситуација во која секој барем еднаш се има најдено.“ - вели младата пејачка. 


За соработката со Трајковска и нејзиниот тим, актерот Петар Стојанов вели дека уживал додека бил дел од снимањето на спотот.

„Теа ја запознав пред неколку години преку колешка од театар. Не се познаваме многу, но доволно за веднаш да ја прифатам понудата да играм во спотот. Кога ја слушнав песната, почувствував дека ќе биде хит. Снимањето помина со леснотија и навистина уживавме во процесот. Благодарам на Теа и целата екипа за довербата” - кусо изјави Стојанов.  

„Не ми троши време“ е достапна на сите музички платформи, а видеоспотот може да се погледне на официјалниот YouTube канал на Теа Трајковска.