„Нема жена како тебе“ новата песна на Јоце Панов: Пее за длабока, искрена и судбинска љубов

Добивај вести на Viber

„Нема жена како тебе“, новата песна на Јоце Панов предизвика голем интерес кај публиката и на социјалните мрежи. 

Песната, која уште од првото слушање освојува со моќна мелодија и емотивна интерпретација, сега доби визуелна приказна што совршено ја надополнува. 

Музиката е на Бане Опачиќ, препевот на текстот е на Весна Малинова, додека аранжманот е на Марко Цветковиќ. "Znas li kako covek voli zenu" е српската верзија на песната. Видео спотот е снимен со модерен пристап и динамични кадри кој ја отсликува суштината на песната,безвременската љубов и почитта кон жената. 

Пораката е: вистинската љубов не може да се спореди со ниту една друга. Од ПР Тимот велат дека спотот е реализиран од видео продукцијата General Film Studio – Dario Jankovic General, во режија на Ана Марија Јанковиќ. 

„Нема жена како тебе“ е песна која зборува за длабока, искрена, па дури и судбинска љубов. Вокалната изведба е полна со страст и чувства, а аранжманот е модерен, со препознатлив балкански звук кој веднаш "влегува во уво".