Една фотографија и дами на кои времето им е сојузник: Стојановска, Дебарлиева и Рашиќ, телевизиски икони со кои растевме

Дамите кои се заштитни лица на телевизиските екрани и за кои времето како да застанало на опуштена дневна седенка.
Некогашните и сегашни презентерки на Македонската телевизија, Татјана Стојановска, Билјана Дебарлиева и Миланка Рашиќ, повторно заедно – не пред камерите, туку во пријатна, приватна атмосфера. Три имиња кои со децении претставуваат синоним за елеганција, професионализам и стил.
Со години на екран, нивните ликови и гласови се врежани во колективната меморија на гледачите. Но, денес тие повторно покажаа дека годините се само бројка. Секоја од нив зрачи со достоинство, шарм и природна убавина што не знае за време.
Во описот на фотографиите од оваа топла средба, пишува:
„Како вчера да беше кога ја почнавме кариерата во МТВ... Со драги луѓе времето
лета и разговорот нема крај.“
Нивното пријателство, како и нивната кариера, е доказ дека вистинските вредности траат – и на екран и надвор од него.
Фото: ФејсбукРЖМ - Г.Д.Г