Овој хороскопски знак е најголем баксуз во зоодјакот: Што и да направи секогаш губи

Добивај вести на Viber

Убедливо најголемиот баксуз во хороскопот – еден знак е вистински магнет за несреќа – астролозите го нарекуваат вечниот губитник.

Некои луѓе како да се родени под облаци. Каде и да тргнат, нешто тргнува наопаку. Додека другите минуваат низ животот лесно, овој хороскопски знак како да влече сидро – и тоа право во калта.

Астролозите не го штедат

Го нарекуваат вечен губитник, магнет за несреќа, емотивен маченик. Иако има добри намери, често е погрешно сфатен, изоставен или едноставно – заборавен.

Кој е всушност најголемиот баксуз во Зодијакот?

Рибите. Да, токму тие. Чувствителни, интуитивни, сонливи – но и бескрајно наивни. Рибите често веруваат во луѓето повеќе отколку што треба, даваат шанса дури и кога веќе ги боли, и остануваат дури и кога сите други си заминале.

Нивната емпатија е дар, но и проклетство. Во љубовта често го избираат погрешниот партнер, на работа ги заобиколуваат, а во секојдневието ги следи чувството дека секогаш се чекор зад другите.

Зошто токму Риби?

Затоа што се воден знак – длабоко емотивен, но склон кон идеализација. Нивната интуиција ги води, но не секогаш на вистинското место. Рибите не знаат да кажат „не“ кога треба, ниту „да“ кога е паметно.

Во комбинација со транзитите на Сатурн и илузиите на Нептун, Рибите стануваат жив пример за тоа како добрата душа може да се изгуби во свет полн со бучава.

Има ли надеж за „вечниот губитник“?

Секако. Рибите, кога ќе научат да поставуваат граници, да не спасуваат секого што тоне и да не бараат потврда од надвор – стануваат најмудриот знак во Зодијакот. Нивната сила е во ранливоста, но само ако не ја подаруваат на секого.

Несреќата ги следи сè додека не научат да кажат: „Доста е.“ 

Извор / Freepik