Во Србија не јадете сирење, во Бугарија не порачувајте скара: Македонија е гастрономска кралица за овие специјалитети која тешко се надминува
Македонската трпеза е симбол на вкус, душа и традиција. Секое јадење кај нас носи слоеви историја и љубов, подготвувано со внимание и чувство.
Токму затоа, Македонците се едни од најгурманските народи на Балканот, со истенчен вкус и високи кулинарски стандарди. Но, кога патуваат низ регионот во потрага по нешто „слично на домашното“, често ги чека – разочарување.
Ако сте во Србија, можеби ќе бидете примамени од нивното сирење, но вистината е – за Македонците тоа ретко може да се мери со нашето овчо или мешано сирење од Галичник, Мариово или Битола. Ќе ви фали тој специфичен, зрел вкус што само македонската земја го дава.
Во Грција, избегнувајте чорби. Колку и да е позната нивната кујна, кога станува збор за густите, богати чорби како нашата грав чорба, телешка со целер или традиционална рамена супа – таму недостига длабочина и домашност.
Бугарија можеби ќе ве маѓепса со нивната скара, но Македонецот навикнат на сочен ќебап, месо на скара од Старата чаршија или Тетово, веднаш ќе забележи – нешто недостасува: било тоа зачини, било тоа жарот.
Во Албанија, мусаката ќе ви изгледа познато, но не и вкусовно. Македонската мусака, со прецизно редени слоеви компир, мелено месо и јајца, останува ненадминлива.