Моќното дејство на кората од калинката: Ова е природен лек кој мора да го пробате
Кората од калинка, која често се фрла по чистењето на овошјето, всушност има силно лековито дејство. Богата со витамин Ц и антиоксиданси, таа може да помогне при стомачни тегоби и проблеми со дигестивниот систем.
За подготовка на овој природен лек, потребно е внимателно да се одвои белиот дел од кората, а потоа кората да се исече на ситни парчиња. Парчињата се сушат во микробранова печка на најниска температура, по околу 30 секунди, со повторување на постапката додека не се добие целосно сува кора. Потоа се меле во мелница и се остава на сонце два до три часа.
Кога смесата ќе се исуши, повторно се блендира додека не се добие фин прав, сличен на чајот во кесички. Една лажичка од овој прав, во топла вода со малку мед, може да се пие еднаш дневно. Според народната медицина, овој напиток го зајакнува имунитетот и може да делува како природна замена за некои фармацевтски препарати.
РЖМ