„Ако во куќата има неред, еве што тоа зборува за вас“: Состојбата во нашиот дом влијае врз мозокот и душевниот мир
„Древните мудреци рекле: највредното нешто во домот е празнината,“ учел Кацудзо Ниши, јапонски мислител кој верувал дека вистинската хармонија на човекот започнува од просторот во кој живее.
Во време на потрошувачка култура каде што секој агол е исполнет, Ниши потсетува дека празнината значи слобода, мир и простор за нов почеток.
Роден во 1884 година, Ниши бил болно дете кому лекарите не му давале надеж, но живеел до 75-тата година, создавајќи систем за здрав и хармоничен живот што ги спојува источните и западните филозофии.

Домот како лек
Ниши верувал дека домот открива повеќе за човекот отколку кој било психолошки тест. Здрава околина, сончева светлина и природни материјали биле основа на неговото учење. Според него, најмалку шест часа сонце дневно се неопходни за физичко и ментално здравје, а бетон и пластика треба да се компензираат со дрво, камен и глина.
Тој дури советувал да се заоблат острите рабови во домот – бидејќи во источната филозофија тие создаваат немир. Просториите со меки линии и природни материјали, вели тој, го смируваат телото и умот.
Редот како лек за душата
„Кога ќе забележам неред во домот, знам дека е време за одмор,“ велел Ниши. За него, хаосот бил знак дека човекот е енергетски исцрпен. Современите истражувања го потврдуваат тоа: жените што живеат во неред имаат повисоки нивоа на хормонот на стрес – кортизол.
Неговото едноставно правило било:
Секоја недела отстранете пет предмети што не сте ги користеле со години.
Со тоа, вели Ниши, се ослободува не само простор, туку и умот. За една година – тоа се 260 предмети помалку, без напор и без вина.
Филозофија на празнината
Според јапонскиот концепт „ма“, празнината меѓу предметите создава хармонија. Претрпан дом значи претрпан ум, а просторот без воздух значи живот без простор за одмор и раст. Научно е докажано дека нередот ја нарушува концентрацијата и сонот, а уредниот простор го подобрува фокусот и менталната рамнотежа.
Малите чекори кон голема промена
Ниши не проповедал големи акции, туку микро-навики:
– Отворете прозорец и пуштете сонце и свеж воздух.
– Средете една полица или фиока.
– Освободете се од пет непотребни предмети.
– Додадете една жива билка во домот.
– Забележете што ве радува, а што ви создава немир.
Домот како извор на убавина и мир
Ниши учел дека убавината не е луксуз, туку потреба. Сликите на природа, цветови, нежни бои и природни материјали создаваат простор што го смирува умот. Особено ги препорачувал жолтата, песочната и праска боја – симболи на здравје и виталност.
Поуката на Ниши
Во време кога луѓето постојано купуваат и собираат, Ниши не потсетува дека вистинската среќа не се наоѓа во новите предмети, туку во ослободувањето од непотребното.
Неговиот систем, едноставен и применлив, живее и денес:
уреди го домот, ослободи го умот – и ќе најдеш место за себе.