Ако еднаш ги забележите во домот, од нив веќе спас нема: Само една работа може да ви помогне да ги отстраните

Добивај вести на Viber

Сребрените рибички најчесто се појавуваат покрај лајсни, прозорски даски, дрвени пукнатини и во аглите на просториите. 

Најмногу се размножуваат во август, септември, октомври и ноември, кога температурата надвор паѓа, а внатре има топлина и влага.

Иако не се опасни за човекот, нивната појава е јасен сигнал дека просторијата е премногу влажна

Високото ниво на влага може да предизвика трулење на конструкцијата, појава на мувла и со тек на време – сериозни проблеми со дишењето.

Според експертите за дезинсекција, сребрените рибички преферираат топли и влажни места како бањи, кујни и подруми. Во есен, кога надвор станува постудено, тие се „вселуваат“ во домовите преку најразлични патишта – картонски кутии, книги, весници и стари предмети.

Бидејќи се ноќни инсекти, ретко се забележуваат, но нивното присуство укажува дека влагата во просторот е повисока од нормалното.

Како да ги спречите?

Стручњаците советуваат редовно проветрување и сушење на влажните простории, користење на одвлажнувачи на воздухот и отстранување на мокрите пешкири и подлоги по капење. 

Важно е и да се затворат пукнатините и спојните места каде што може да се насобере вода или пареа.

Ако забележите сребрена рибичка кон крајот на октомври или почетокот на ноември, тоа е предупредување – проверете ја вентилацијата и изолацијата во домот. Овие инсекти не доаѓаат случајно; тие се природен индикатор дека влагата веќе го зазела просторот.

Колку и да изгледаат безопасно, сребрените рибички често се прв знак дека домот бара интервенција – не од нив, туку од влага која полека, но сигурно, го напаѓа секој агол.

Извор: Мондо / Фото извор: Википедиа