Пештерските луѓе излегуваат во децата: Како еволуцијата ја диктира детската потреба за чкртање по ѕидовите
Сигурно сте забележале дека, дури и кога ќе му дадете боенка или лист, вашето дете повеќе сака да црта по ѕидовите.
Иако на прв поглед тоа изгледа како „недисциплина“, стручњаците објаснуваат дека оваа потреба е природен дел од детскиот когнитивен и моторен развој.
Ова однесување, според истражувањата, датира уште од примордијалниот човек, кој на ѕидовите од пештерите ја изразувал својата креативност и комуникација. Цртежите од Алтамира во Шпанија и други древни пештери потврдуваат дека уште тогаш луѓето имале вродена потреба да оставаат траги на вертикални површини. Денес, еволуцијата го задржала овој нагон, кој кај децата се манифестира преку спонтаното чкртање по ѕидови.

Според студии за рано детско учење и моторен развој, цртањето на ѕидови е природна фаза на развој на координацијата меѓу окото и раката. Детските чкртежи обично започнуваат со широки движења од рамото, а со растот стануваат поконтролирани и уредни – процес кој ја подготвува основата за подоцнежното учење на пишување.
Во некои предучилишта во Индија, воспитувачите дури дозволуваат децата да чкртаат по ѕидовите, бидејќи така најдобро ја учат каузалната врска: ја движиш раката – се појавува боја – се создава облик.
Дури и таблите во училиштата се воведени врз основа на ова сознание: за да им овозможат на децата да цртаат и пишуваат на голема површина, но на начин што може лесно да се избрише.
Затоа, родители, следниот пат кога ќе ги видите вашите деца како „прават неред“, сетете се – тоа не е неред, туку природен чекор кон нивниот психо-физички развој и креативно истражување на светот.
М.С.К / Извор: nextschool.com / Фото извор: Freepik