Сѐ повеќе ги има - ви нудат духовен мир и чувство на припадност, а во суштина се секти: Како да препознаете ловци на души

Добивај вести на Viber

Секта е затворен систем под контрола на харизматичен и авторитативен лидер, кој ја наметнува својата волја преку психологија на манипулација и изолација. Целта е да се контролираат и искористат членовите – најчесто преку т.н. „перење на мозок“.

Психотерапевтката Гили Џенкинсон, која долги години работи со луѓе што успеале да излезат од секти, вели дека тие не изгледаат секогаш сомнително. Не носат униформи, често функционираат во обични домови и не постои „типична жртва“ – во секта може да влезе секој.

Во дигиталната ера, сектите повеќе не мора да имаат физичко присуство – членови се регрутираат преку затворени интернет-групи и социјални мрежи.

Фото извор: Freepik

Стручњаците предупредуваат на неколку знаци на опасност:

  • „Love bombing“ – манипулативна техника со која личноста се преплавува со внимание, љубов и пофалби за да стане емоционално зависна.

  • Употреба на посебен јазик и мантри што создаваат чувство на припадност и ја потиснуваат критичката мисла.

  • Изолација, забрана на пристап до информации и создавање страв од напуштање на групата.

Џенкинсон, која и самата поминала седум години во верски култ, денес е психотерапевт со три децении искуство. Таа советува: „Слушајте го вашиот внатрешен глас, истражете ја групата пред да ѝ верувате – така можете да си заштедите години болка.“

Според неа, најважно е блиските да одржат комуникација со личноста во секта – не со осуда, туку со разбирање и прашања кои поттикнуваат размислување.

Извор: Мондо / Фото: Freepik