Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Добивај вести на Viber

Во време кога сè повеќе се зборува за финансиска писменост, ова е една од најзначајните информации што секој граѓанин треба да ја знае - средствата што ги акумулираме во вториот и третиот пензиски столб се лични, заштитени и по закон наследни.

Оттаму, пензиската заштеда е дел од личната и семејната сигурност, а понекогаш и дел од најзначајната поддршка што семејството ја добива во чувствителни моменти.

Во секој дом постојат теми за кои ретко се зборува, или затоа што звучат далечно, или затоа што не се дел од секојдневните предизвици. Но, во последните години, сè повеќе граѓани почнуваат да се интересираат што навистина значат вториот и третиот столб, какви права имаат како осигуреници и што се случува со средствата во различни животни ситуации.

Личната пензиска сметка како дел од семејната финансиска слика

Кога секој вработен гради средства во вториот столб, најчесто мисли на сопствената иднина и на годините по пензионирањето. Но, малкумина размислуваат дека овие средства претставуваат и дел од вкупниот семеен капитал.

За многу семејства, особено оние со деца или со членови кои зависат од нив, сопственоста врз пензиските заштеди има огромно значење. Тие средства не се изгубени во системот, не се апстрактна вредност, туку конкретен, мерлив имот кој може да биде пренесен на најблиските.

Што точно значи дека средствата се „лични и наследни“?

Прво, тоа значи дека средствата се уплатени на ваша индивидуална сметка, одделени од имотот на пензиското друштво и се чуваат кај банка-чувар на имот, под постојан надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС, и она што е најважно – не може да бидат предмет на извршување, односно не може да бидат блокирани или земени во постапка на присилна наплата. Ова е една од најсилните законски заштити во целокупниот финансиски систем, и токму затоа пензиската заштеда е стабилен дел од личниот имот.

Второ, тоа значи дека средствата што не се искористени за пензија (или дел од нив, зависно од моментот и околностите) се наследуваат според закон, под јасно дефинирана и транспарентна процедура.

Како изгледа постапката за наследување кај вториот столб?

Право на наследство на средствата уплатени во задолжителен пензиски фонд е возможно единствено во случај на прерана смрт на членот на пензискиот фонд, согласно Законот и доколку нема членови на семејството кои имаат право на семејна пензија. Во тој случај, средствата акумулирани на индивидуалната сметка на членот кој починал се предмет на оставинска постапка и со нив се постапува согласно Законот за наследување.

Постапката изгледа вака: 

  1. Членови на семејството на починатиот член се обраќаат до Друштвото со  Барање за состојба на сметка,
  1. Со документот за состојба на сметка се отвора оставинска постапка кај надлежен орган (суд, нотар) – како и за секој друг вид имот.
  2. Наследниците поднесуваат барање  за исплата  и Решение за оставинска постапка  до пензиското Друштво каде што починатиот бил член.
  3. Пензиското друштво го известува МАПАС, кој ја проверува состојбата во ПИОСМ (дали некој побарал семејна пензија).
  4. По потврдата, средствата се исплаќаат на законските наследници за што добиваат и писмено известување.

Постапката е формална, безбедна и регулирана. Секоја институција има јасна улога, со цел средствата да стигнат до лицата кои имаат право на нив.

Кога починатиот член има членови на семејството кои имаат стекнато право на семејна пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, институционално се врши проверка од кој пензиски столб семејната пензија би била повисока. Доколку пресметката на семејната пензија е повисока од Вториот столб, членовите на семејството кои остваруваат право на семејна пензија имаат право да се откажат од семејната пензија од Првиот столб и да користат, единствено, семејна пензија од Вториот столб.

Како изгледа постапката за наследување кај третиот  столб?

Право на наследство на средствата уплатени во доброволен пензиски фонд е возможно единствено во случај на прерана смрт на членот на пензискиот фонд и со нив се постапува согласно Законот за наследство.

Постапката изгледа вака:

  1. Членови на семејството на починатиот член се обраќаат до Друштвото со  Барање за состојба на сметка,
  1. Со документот за состојба на сметка се отвора оставинска постапка кај надлежен орган (суд, нотар)– како и за секој друг вид имот.
  2. Наследниците поднесуваат барање  за исплата и Решение за оставинска постапка  до пензиското Друштво каде што починатиот бил член.
  3. По комплетирање на потребната документација средствата се исплаќаат на законските наследници за што добиваат и писмено известување.

Кај третиот столб нема проверка дали некој побарал семејна пензија (правото на наследство кај третиот столб не е поврзано со семејната пензија), туку по приемот на Барање од наследниците директно се спроведува исплата согласно нотарскиот акт за наследување.

Зошто ова е важно за граѓаните?

Пензијата често ја поврзуваме со годините по работниот век, со иднината на самиот поединец. Но во суштина, оваа заштеда е и дел од она што секој го остава зад себе - дел од сигурноста што може да му биде од корист на неговото семејство.

Сопственоста над средствата од вториот и третиот столб претставува финансиско олеснување за семејствата во тежок период како составен дел од имотната состојба на домаќинството, претставува дополнителна финансиска заштита за деца и брачни партнери и создава чувство на сигурност дека вложениот труд останува во семејството.

Пензијата, на тој начин, повеќе не се доживува само како лична сигурност, туку како долгорочна, семејна финансиска вредност.

Темата за сопственоста, наследувањето и заштитата на средствата во вториот и третиот столб е детално обработена и во блог-текстот на penzija.mkТвојата пензија е инвестиција за тебе и за твоите најблиски,каде пензиските друштва и Триглав пензиско друштво а.д. СкопјеСава пензиско друштво а.д. Скопје и КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје објаснуваат како овој дел од пензискиот систем функционира во пракса.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

ПР објава