Исфрлете ги веднаш од домовите: Стануваат демоде во 2026, а еве како ќе излгедаат нашите дневни соби
Откриваме кои идеи, бои и детали ќе доминираат во уредувањето на домот во 2026 година – и што веќе не е пожелно, според најновиот извештај на Zillow за трендови.
Доколку сакате да разгледувате огласи за недвижности, сигурно знаете дека платформата Zillow открива многу за тоа што е „во мода“ во светот на ентериерот.
Агентите често нагласуваат одредени бои, материјали и детали – токму таму се крие насоката на идните трендови.
Според Zillow извештајот за 2026 година, во уредувањето на домот ќе доминираат нови концепти кои комбинираат топлина, сигурност и личен израз – а некои досегашни трендови веќе се повлекуваат.

1. „Color drenching“ – сè во иста боја
Трендот што започна во 2023 година ќе биде уште популарен во 2026. Тој подразбира цел простор обоен во една нијанса – ѕидови, таван, лајсни и мебел. Според Zillow, бројот на огласи што го споменуваат овој стил пораснал за 149%. Резултатот е модерен, смирен и визуелно впечатлив простор.
2. Катче за читање – мал луксуз што носи мир
Во време на брз живот и постојан стрес, се повеќе луѓе создаваат свој мал простор за одмор. „Reading nook“ се споменува 48% почесто во огласите – било во дневна соба или под скалите. Топлина, интимност и момент на мир стануваат приоритет.
3. Отпорни домови – безбедноста на прво место
Со порастот на поплави и пожари, купувачите бараат домови со заштита од природни непогоди. Огласите што споменуваат безбедносни системи пораснале за 64%, а пејзажи кои го намалуваат ризикот од пожар се сè почести.
4. Дом како спа-оаза
Грижата за себе започнува дома. Бројот на огласи што содржат „wellness“ елементи пораснал за 33%, а купатила инспирирани од спа-центри за 22%. Природни материјали, топло осветлување и смирувачки тонови доминираат во новиот дизајн.
5. Спортски соби – модерна верзија на „man cave“
Класичниот „машки простор“ се заменува со спортски простории. Изразот „man cave“ е споменуван 10% помалку, а „golf simulator“ и „pickleball court“ за 25% повеќе. Домот станува место и за рекреација.
6. Персонализиран ентериер – уникатноста е во мода
Сè повеќе луѓе сакаат нивниот дом да има карактер. Рачно изработени и vintage детали стануваат тренд. Споменувањето на занаетчиска изработка пораснало за 21%, а винтиџ акценти за 17%.
Што излегува од мода?
Некогаш популарните станици за цедење сокови се споменуваат 19% поретко, а мермерните мијалници губат 15% од популарноста – поради сложеното одржување.
Извор / Freepik