Еве какво образование има принцезата Кејт Мидлтон: Пред да го запознае принцот водела сосема поинаков живот

Добивај вести на Viber

КЕЈТ ЗАВРШИЛА ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ – НО НИКОГАШ НЕ РАБОТЕЛА ВО ТАА ОБЛАСТ

Принцезата Кејт Мидлтон никогаш не можела да замисли дека нејзиниот живот ќе изгледа вака како денес. Како млада девојка, таа била сосема обична – излегувала со својата сестра Пипа, се забавувала и уживала во безгрижните девојачки денови.

Нејзиното семејство припаѓало на високата средна класа. Татко ѝ, Мајкл, работел како диспечер на летови, а мајка ѝ, Керол Мидлтон, била стјуардеса во компанијата British Airways. Кејт е најстара од три деца – по неа се родиле сестра ѝ Филипа (Пипа) и братот Џејмс.

Во 80-тите години, мајка ѝ ја основала компанијата Party Pieces, која продавала производи за родендени и прослави. Кејт и Пипа подоцна ѝ помагале во работата, а Керол открила дека Кејт дури и позирала како модел во еден од каталозите – фотографирана додека дува свеќички на торта.

Благодарение на овој семеен бизнис, Кејт имала можност да студира на престижниот универзитет „Сент Ендрјус“ во Шкотска, каде што го запознала својот иден сопруг, принцот Вилијам. Таму студирала историја на уметноста – професија со која веројатно би се занимавала доколку не станела дел од британското кралско семејство.

Денес, Кејт носи бројни титули: принцеза од Велс, војвотка од Кембриџ, грофица од Стратерн и полковник на Првиот баталјон на Ирската гарда. Еден ден, таа ќе стане кралица на Велика Британија.

Инаку, Кејт отсекогаш била голем љубител на спортот – за време на школувањето тренирала хокеј на трева и тенис. Иако никогаш не работела во својата стручна област, денес е покровител на бројни уметнички настани и патрон на важни културни институции во Обединетото Кралство.

Извор / Фото: EPA