Отец Александар упатува повик до сите: Кога палите свеќи, задолжително направете ја оваа работа

Добивај вести на Viber

Свештеникот Александар Праштевиќ, познат по своите топли и мудри совети на социјалните мрежи, овојпат ја изненади јавноста со пораката дека при палењето свеќи треба да се сетиме и на оние што нè повредиле.

„Кога палите свеќи, ве молам една свеќа запалете за здравје и спасение на оние кои ве мразат, ви завидуваат или ве повредиле во животот,“ напиша тој.

Праштевиќ објасни дека ваквата молитва нè штити од злото – и надворешно и внатрешно, затоа што со молитва за доброто на другите ја чуваме сопствената душа од омраза и искушенија. Неговата порака предизвика бројни реакции – многумина му се заблагодарија, а дел споделија дека слични зборови слушнале од своите баби или духовни учители.

Во православната традиција, палењето свеќи е чин на молитва, благодарност и духовна поврзаност. Обично се пали свеќа за здравје на горниот дел од свеќникот, а за покој на душите – на долниот, иако црквата објаснува дека во Бога сите се живи. Се препорачува користење свеќи од чист восок, а не од парафин.

Пораката на свештеникот носи нова духовна длабочина: да се молиме и за оние што ни нанеле болка – не заради нив, туку заради себе. Зашто, како што вели тој, проштевањето не е слабост, туку највисок облик на духовна сила.

Извор / Freepik