Денеска е ангелски број кој ќе донесе големи чуда за хороскопските знаци: Еве што се препорачува задолжително да направите
Денешниот датум 11 ноември (11.11) носи силен енергетски и духовен код, познат како анѓелски број. Во нумерологијата, бројот 11 симболизира будење на свеста, духовна рамнотежа и поврзување со повисоките сфери, а неговото удвојување – 1111 – претставува портал кон нови почетоци и манифестација на желбите.
Овој ден се смета за особено поволен за молитва, поставување намери, манифестација и енергетско прочистување. Според духовните учители, кога се појавува низот 1111, тоа е порака од универзумот дека сме на вистинскиот пат и дека нашите мисли и чувства имаат зголемена моќ на создавање реалност.
Бројот 11 во нумерологијата е главен број поврзан со интуиција, визија и просветлување. Тој нè потсетува дека сите сме дел од една целина, иако изгледаме како поединци. Кога ќе се собере 1+1, се добива бројот 2 – симбол на рамнотежа и заедништво.
11.11 се смета за “врата на енергијата”, ден кога космичките вибрации се засилени и кога срцето и умот полесно се усогласуваат. Затоа овој ден е идеален за размислување за своите цели, за простување, благодарност и духовен раст.
Многумина го доживуваат како ден кога се отвора портал помеѓу видливото и невидливото, кога нашите мисли побрзо стануваат реалност. Затоа е важно фокусот да биде на позитивни желби, а не на стравови.

Пораката на бројот 1111 гласи:
„Чувај ги своите мисли чисти и насочени кон љубовта, бидејќи универзумот ги слуша и ги претвора во дела.“
На овој ден се препорачува да се медитира, да се шета во природа или едноставно да се биде благодарен. Отворете го срцето, ослободете ги старите блокади и замислете што сакате да создадете во својот живот.
11 ноември е ден на срцевата енергија – време за љубов, мир и нов почеток.
Сè што ќе започнете денес, носи вибрација на раст, радост и чуда.