Центарот за социјални работи згрижи шестмесечно бебе, мајката го запуштила и го тепала

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Скопје нареди истрага и побара притвор против 23-годишна жена со престојувалиште во Ржаничино, која го тепала и го запуштала шестмесечниот син.

Детето-жртва за кое не е познат другиот родител е згрижено преку Центарот за социјални работи

-На 9 ноември во вечерните часови, таа грубо ја запоставила својата мајчинска должност за грижа и воспитување, го запуштила и малтретирала својот 6-месечен син. Изнервирана затоа што бебето плачело, почнала да го удира со раце и тупаници по устата и носот, нанесувајќи му повреди со крварење.

Повредите кај детето ги забележал сопственикот на домот каде престојувала осомничената и уште една пријателка кои го однеле детето на лекарски преглед.

На Клиничкиот центар на детето му биле констатирани повеќе нови повреди – контузии и хематоми, но и постари подливи од претходни повреди. Во исто време, констатирано е дека осомничената од раѓање не го однела детето ниту на лекарски преглед, ниту на вакцинација, меѓу другото со цел да прикрие дека физички го удира бебето, соопшти ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, пред се поради опасноста од бегство. 

Извор: ФАКТОР