ВИДЕО: Над 10 милиони денари донации преку Support Kocani - Испладен данок на државата од еден милион денари
Иницијативата Support Kocani која собира донации и ги распределува на повредените од пожарот во Пулс дала еден милион денари во даноци на државата.
Ова го соопштија во заложбата, транспарентно да биде објавено каде ги трошат парите кои граѓаните ги донираат преку нив.
„Почитувани, преку овој графикон транспарентно ја споделуваме информацијата за втората распределбата на средствата од заедничката сметка за донации преку SupportKocani, кои беа собрани по трагедијата што нè погоди. Ви благодариме на сите што помогнавте со донација, организација или поддршка. Овие дела се доказ дека кога сме обединети, можеме да направиме дела кои вистински значат“, соопштија од Иницијативата.
Средствата се собрани преку донации од компании, здруженија, граѓански иницијативи и хуманитарни акции, како во земјата така и во дијаспората.
Извор: ФАКТОР