СкрозЈас приказна Мартина Рмуш: „Kреативноста е начин на размислување - ја изразувам и на работното место во dm и во моите уметнички дела “!
„Создавањето креативни дела,не е само хоби, туку целиот процес ми е многу медитативен – буквално не ги чувствувам саатите како поминуваат од што сум внесена во тоа што го правам“вели уметницата Мартина Рмуш која работи во секторот за маркетинг и комуникации во компанијата dm drogerie markt.
Нејзините дела кои се изложени во неколку урбани локали во Скопје, не може да поминат незабележливо. Вибрантните бои и движења на четките во уметничките творби е нејзиниот потпис.
Креативна и комуникативна, нејзината приказна е 100% компатибилна со #СкрозЈас иницијативата на dm која повикува секој да ја слави својата автентичност, да го слуша својот инстинкт и ги охрабрувауникатните особини и вештини кои секој од нас ги поседува. Деловниот свет во кој Мартина ја гради својата професионална кариера воопшто не ја спречува и понатаму да ја истражува својата креативност и своите идеи и емоции да ги пресликува на уметничкото платно.
“Уметноста за мене е простор каде што можам слободно да го изразам мојот внатрешен свет – боите, формите и емоциите што ме инспирираат секојдневно. Дури и кога сум оптоварена со деловните обврски , цртањето ми дава момент на слобода и баланс, ми дозволува да се поврзам со себе и со светот околу мене. За мене, креативноста е начин на размислување, но и на изразување, ја носам и на работното место во dm и во мојата уметност, и на тој начин секој ден станува можност за нови идеи и креации“ни сподели Мартина.
Нејзиниот уметнички профил не може да се дефинира со прецизни, строги и крути линии или со претходно дефинирани скици и планови. Таа се опишува себеси како freestyle уметник кој ги впива во себе вибратните бои и разиграните форми со кои што се среќава во раздвиженото секојдневие. Мартина ги објавува своите дела на Инстаграм профилот @cameloon_studio, од каде и се запознавме со нејзините дела. Автентична девојка со космополитски дух обликуван од патувањата низ светот, од средбите со различни култури и традиции, но и од нејзината искрена желба за едукативен и креативен дијалог.
https://www.instagram.com/p/C_sqdltMe-n/?img_index=1
Како екологист во душа, за своите дела Мартина ја црпи инспирацијата од природата која настојува да ја вгради во секое свое апстрактно дело, не само преку мотивите, туку и преку материјалите што ги користи. Иако нема формално ликовно образование, над 1000 уметнички деласе со нејзин потпис. Најчесто слика со акрил на платно или со мермерни мастила на вода, а сè почесто експериментира и со мозаик и колаж, како и со употреба на рециклирани материјали.
Покрај личното творештво, организира и креативни работилници за млади, поттикнувајќи ги да создаваат дела од одржливи и рециклирани материјали, затоа што верува дека уметноста може да инспирира одговорен пристап кон природата.
Досега нејзините дела биле изложени на девет изложби, од кои четири се самостојни – меѓу нив и една меѓународна, одржана во шпанскиот град Севиља, познат по фламенгото и уметничкиот дух. Нејзината најголема љубов, се големите платна и муралите – простор каде што нејзината енергија, боја и имагинација најсилно доаѓа до израз.
Со искреноста и страста што ја носи во секој потег на четката, Мартина ја претвора својата автентичност и креативност во боја и форма, искрено отсликувајќи го своето вистинско СкрозЈас.
*ПР објава