Срце што не престанува да чука: Наталија го сподели најтоплиот спомен со Андреј и нивната ќерка и побара поддршка

Добивај вести на Viber

Во пресрет на почетокот на судскиот процес за трагедијата што го потресе целото општество, сопругата на прерано починатиот музичар Андреј Ѓорѓиевски од групата ДНК, Наталија, повторно го допре срцето на јавноста.

На својот Инстаграм-профил таа објави емотивна фотографија и видео од снежна приказна — момент на семејна топлина, љубов и спокој, во кој Андреј и нивната ќерка се смеат додека се возат на жичара, опкружени со зимска белина. Над видеото стои само едно бело срце — симбол што кажува повеќе од илјада зборови.


Објавата доаѓа токму во деновите кога семејствата на загинатите во пожарот во Кочани повикуваат на „Марш на ангелите“, мирен собир во чест на младите животи што згаснаа, и апел за праведно судење.

„Да чекориме со љубов, со болка и достоинство... во име на оние што повеќе не можат да чекорат“, стои во повикот кој обедини илјадници срца низ Македонија.

Со секоја ваква објава, Наталија потсетува дека зад секој број, зад секоја вест и секој процес, стојат лица, семејства и спомени – и дека љубовта никогаш не умира.

View this post on Instagram

A post shared by Natalija Gjorgjieska (@natalija.gjorgjieska)



РЖМ/Ирена С.