Меѓународни истражувања покажуваат: Никотинските ќесички*** – помалку штетна* алтернатива за пушачите
Иако потрошувачката на цигари на глобално ниво е со тренд на опаѓање, бројките се намалуваат со премногу бавно темпо. Речиси секоја година околу осум милиони луѓе умираат поради болести поврзани со согорувањето на тутунот од цигарите. Според анализата „No smoke - less harm“ овој податок претставува огромен предизвик за јавното здравје, особено во однос на бројот на животи што би можеле да бидат спасени доколку пушачите започнат да користат помалку штетни* никотински производи.
Ваквата можност беше успешно искористена во Шведска. Драстичното намалување на стапките на пушење во текот на годините беше постигнато преку образованието, мерките за контрола на распространетоста на тутунот и преку усвојувањето и достапноста на помалку штетните* алтернативни никотински производи без чад. Напредокот во Шведска беше потпомогнат и од традиционалната употреба во земјата на снусот**, кој е орален тутунски производ без чад, а сега приматот го преземаат оралните никотински ќесички***. Дел од причините за намалувањето на употребата на цигарите е и тоа што Швеѓаните укажуваат на штетноста од согорувањето на тутунот, но не и на никотинот.
„Иако никотинот може да создава зависност, тој не предизвикува рак. Студиите одамна го утврдија овој факт. За жал, значајни митови за никотинот опстојуваат и меѓу лекарите и кај јавноста“, се вели во шведската анализа „No smoke less harm“, во која се наведуваат погрешните перцепции за никотинот.

Од друга страна, во анализата „The Global Case for Nicotine Pouches“ се истакнува дека стапката на пушење во рамките на Европската Унија стагнира на 24%, додека доказите сè повеќе укажуваат на употреба на сеопфатен пристап кој ги поддржува никотинските алтернативи на пушењето. Научните основи за овој пристап никогаш не биле посилни, а пионерскиот успех на Шведска покажува дека статусот на „земја без чад“ не е имагинативен, туку е остварлив во рамките на ЕУ.
Бројката на докази што се во прилог на никотинските ќесички достигнува значаен опфат. Германскиот Федерален институт за проценка на ризик (BfR), една од најпочитуваните европски агенции за токсикологија, ја дава можеби најпрецизната дефиниција за потенцијалот на ќесичките: „Преминувањето од цигари на употреба на никотински ќесички може да претставува намалување на здравствениот ризик кај пушачот“, заклучи BfR во својата сеопфатна проценка од 2022 година. Анализата на BfR открива големи разлики помеѓу цигарите и никотинските кесички. Додека цигарите содржат штетни хемикалии произведени преку согорување, никотинските ќесички содржат фармацевтски создаден никотин со пониски нивоа на токсични соединенија.
За разлика од цигарите, кои содржат штетни хемикалии испуштени преку согорувањето, никотинските ќесички целосно ги елиминираат и тутунот и согорувањето. Освен германскиот Федерален институт за проценка на ризик и американската агенција FDA и британскиот Комитет за токсикологија заклучија дека преминувањето од цигари на никотински ќесички може да претставува помала штетност* за пушачите.
Во анализата „No smoke - less harm“ се додава дека Шведска и податоците од јавното здравство се пример за тезата дека без чад има помала штета и воедно земјата е инспирација за сите останати кои се стремат да ги намалат бројките на смртност предизвикани од употребата на цигарите.
„Во Велика Британија 40% од јавноста верува дека никотинот предизвикува рак поврзан со пушењето и покрај тоа што националните здравствени власти (NHS) наведуваат дека: „Самиот никотин не предизвикува рак, белодробни заболувања, срцеви заболувања или мозочен удар и со години безбедно се користи во лекови за да им помогне на луѓето да престанат да пушат. Иако никотинот предизвикува зависност, тој е релативно безопасен по здравјето“, се истакнува во анализата „No smoke - less harm“.
Според пишувањата, ваквиот извештај на NHS ќе фрли нова светлина на помалку штетниот* профил на никотинот кога се консумира во производи без чад. Таков производ се и оралните никотински ќесички чија конзумација не предизвикува чад. Меѓу најпопуларните во Шведска се никотинските ќесички Velo***, чиј производител е компанијата „Бритиш Американ тобако“, која активно се вклучи во изградбата на „свет без чад“.
„Луѓето сè уште избираат, од различни причини, да пушат. Сепак, не мора да биде така. Се појавија нови производи без чад, кои иако предизвикуваат зависност, се помалку штетни* алтернативи на пушењето. Клучно е што, преку значителни инвестиции и развој на производи во текот на многу години, овие нови производи станаа многу подобри во задоволувањето на побарувачката на потрошувачите и ги охрабруваат возрасните пушачи да направат целосен премин. Тоа е, во суштина, она што го подразбираме под градење на „свет без чад“, вели главниот извршен директор на БАТ, Тадеу Мароко.
За разлика од останатите алтернативни никотински производи, ќесичките не бараат никакво загревање и не создаваат чад, што ги прави погодни за употреба во сите средини. Оралните никотински ќесички, во форма на мали целулозни порозни ќесички, се општествено погодни производи кои содржат никотин без тутун, а се апсорбираат преку оралната мукозна мембрана. Тие се пласираат на пазарот со стандарди за квалитет и безбедност на производот. Никотинските ќесички се иновација кај креаторите на политики кои бараат решенија засновани на докази за намалување на штетноста поврзана со пушењето. Истражувањето „Power in a pouch“ покажа дека во сеопфатни анкети спроведени со поранешни пушачи, никотинските ќесички ги надминале сите други помагала за откажување од пушењето и испитаниците ги рангирале никотинските ќесички како најефикасен метод.
Никотинските кесички Velo*** се достапни и на домашниот пазар, со различни вкусови и јачина на никотин.
*Врз основа на тежината на доказите и претставува целосно префрлање од пушењето цигари.
** Снус е производ со тутун за орална употреба (кој традиционално се користи во Шведска), додека никотинските кесички*** се производи кои не содржат тутун, содржат никотин и се помалку штетни* никотински производи во споредба со традиционалните цигари. Овие производи не се безопасни и содржат никотин, состојка која создава зависност.
*** Овој производ не е безопасен и содржи никотин, состојка која создава зависност.
ПР објава