Десет животни лекции кои ги научив од мојата баба: Почитувај ги другите, но не дозволувај да ти ги креираат одлуките

Добивај вести на Viber

Во време кога животот трча пребрзо, а современите навики нѐ оддалечуваат од мудроста на постарите генерации, вреди да се потсетиме на највредните совети – оние што ги пренесувале бабите, тивките столбови на секое семејство. 

Тие лекции не се само правила, туку мал кодекс за достоинствен, зрел и исполнет живот.

1. Држи до себе
Баба велеше дека жената мора да биде своја. Неуредноста, солзите и кршливоста се за четири ѕида, а за светот – достоинствен став.

2. Срцето знае кого сака
Насетојуваше љубовта да не се меша со импулс. „Спиј со маж кој срцето ти го избрало, не моментот“, велеше.

3. Домашната трпеза е дел од мајчинството
Не мора да бидеш шеф-готвач, но мора да знаеш доволно за твоето дете да не се воодушевува на „домашно“ што го пробало во некоја туѓа куќа.

4. Имај свои пари
Финансиската независност е мир во душата. „Чувај за црни денови, а троши бележливо.“

5. Реакцијата те дефинира
Ако некој те повреди – крени глава. Но не труј со суровост. Силата е во контролата, не во одмаздата.

6. Образованието е капитал
Секогаш истражи, учи и подготви се пред да донесеш важна одлука. Знаењето ја спасува жената кога љубовта и среќата не можат.

7. Почит – но со граници
Почитувај, но не дозволувај никој да ти го пишува сценариото за животот.

8. Биди остра на јазик, мека во срцето
Искреноста да боде, а душата да прегрнува – тоа е женска мудрост.

9. Вредноста не е во статусот
Говори со секого исто. Луѓето не се мерат по моќ, туку по добрина.

10. Животот крши, но и гради
Кога е најтешко – стој исправено. После темнината доаѓаат миговите што вредат цел живот.

Овие лекции не се само савети – тие се наследство. Наследство што секоја жена треба да го понесе како највредниот подарок од баба.

Фото извор: Pexels