Актуелно // Insta вести
Холивудска средба: Тамара Котевска и Леонардо Ди Каприо
Македонската кинематографија повторно се најде во фокусот на светската јавност благодарение на режисерката Тамара Котевска. Таа беше меѓу одбраните гости на ексклузивен ВИП ручек и посебна дискусија посветена на филмот One Battle After Another, настан на кој присуствуваа и холивудските ѕвезди Леонардо Ди Каприо, Бенисио Дел Торо, Тијана Тејлор и Регина Хал.
Котевска, која е член на Академијата за филмска уметност и наука, беше единствениот претставник од областа на документарниот филм меѓу поканетите гласачи. Нејзиното присуство на овој настан доаѓа во особено значајна година за неа, бидејќи нејзиното најново остварување The Tale of Silyan е дел од трката за престижната награда Оскар.
РЖМ
Фото: Портрет Магазин