Љубов што зрее со времето: Џокси и Виолета слават годишнина од брак

Добивај вести на Viber

Љубов која трае три и пол децении ретко се среќава, а уште поретко опстојува со иста топлина и разбирање. Џина Папас Џокси и неговата сопруга Виолета годинава одбележуваат 35 години заеднички живот – пат исполнет со љубов, предизвици, разговори и меѓусебна поддршка.

„Не било секогаш лесно. Како и кај сите, имало караници, инаети и тешки денови, но секогаш сме наоѓале начин да ги надминеме со разговор и убав збор“, искрено признава Џокси. Со текот на годините, вели тој, љубовта не згаснала, туку станала посмирена, подлабока и посигурна – токму она што, според него, е најважно.


Иако неговата кариера е обележана со бројни хитови и песни кои ја слават љубовта, меѓу кои и незаборавната „Велигден сум се заљубил“, вистинската љубовна приказна со Виолета не започнала на празник. Тие се запознале во мај 1991 година, на едно наградно извлекување на градски плоштад. Додека настапувал, Џокси во публиката ја забележал младата црнокоса девојка од Дарувар, Хрватска, која дошла на гости во Македонија. Нејзиниот поглед бил доволен да ја направи првата средба судбинска.

Љубовта, која отсекогаш била негова инспирација, Џокси ја дефинира на свој, искрен начин. „Ако некого го сакаш поради убавина – тоа е желба. Ако е поради интелигенција – восхит. Ако е поради богатство – корист. Но кога сакаш, а не знаеш точно зошто, тогаш тоа е љубов“, изјави музичарот во едно интервју за Женски магазин.

Џокси и Виолета ја имаат нивната единствена ќека Евгенија која магистрира на Универзитетот во Кјото под менторство на проф. Кијоши Кобајаши.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Фејсбук

Љубовната приказна на Џокси и Виолета: Беше страшно да си во исчекување на вести од фронтот