Тригодишно девојче исчезнало за време на масакрот во Сиднеј: Агонијата на родителите во потрагата по нивната ќерка додека траел нападот
Ванеса и нејзиниот сопруг Вејн раскажаа за австралиските медиуми шокантна исповед за тоа како вчера, за време на терористичкиот напад на плажата Бонди, во паника ја барале својата ќерка (3), додека околу нив летале куршуми.
Двајцата биле на различни места на судбоносниот ден кога започнал нападот. Вејн бил во паркот со едно од нивните деца кога се слушнале истрелите. Тој успеал да се собере, да ја зграби ќерка си и да се скрие под масата. Во тој момент, не знаел дека нивното трето дете - малата Џиџи - е исчезната.
„Само легнав врз ќерка ми за да ја заштитам. Минута подоцна, Ванеса ми се јави и ме праша дали Џиџи е со нас. Јас реков не, ни таа не беше со неа, тогаш ја фати паника“, раксажал Вејн.Ванеса, плашејќи се за животот на нејзината најмлада ќерка, започнала очајно да трага по неа. Иако куршумите летале насекаде, таа не се грижела за својот живот, сакача да ја пронајде ќерката и да ја спаси.
„Не знам како куршумите не ме погодија, летаа околу мене. Не ми беше гајле, само викав и го барав моето семејство. Само го викав името на Џиџи“, раскажала очајната мајка.
Ванеса раскажала како за време на потреката на ќерка си, пред неа бил убиен човек, а полицаец бил ранет, ја соборил на земја и ѝ го спасил животот.
Откако престанало пукањето, Вејн и Ванеса повторно се сретнале и веднаш почнале да го бараат исчезнатото девојче. Во нивната агонија, не знаеле дали е живо и само таа мисла им била во главите.
„Имаше крв и тела насекаде. Џиџи носеше розово здолниште. Ја препознав и видов жена како лежи врз неа“, рекол Вејн.
Се испостави дека жената, која била ранета, го штитела малото девојче со своето тело.
„Ми кажа дека ја чува нашата ќерка. Веднаш ѝ помогнавме и рековме дека го спасила животот на нашата ќерка и дека ќе ѝ бидам благодарен за тоа додека сум жив“, рече Вејн.
Девојчето подоцна било безбедно предадено на нејзините родители, додека жената што ја штитела била однесена во болница. Ванеса и Вејн велат дека се во контакт со неа и дека таа е во стабилна состојба.
Да ве потсетиме дека терористичкиот напад се случи во неделата додека луѓето го славеа еврејскиот празник на познатата плажа во Сиднеј. Во нападот, за кој се сомнева дека го извршиле татко и син, загинаа 16 лица, додека повеќе од 20 беа повредени, а петмина се во критична состојба.
Најмладата жртва имаше само 10 години, а една од жртвите е преживеан од Холокаустот кој починал штитејќи ја својата сопруга од куршуми.
Полицијата уби еден осомничен, маж (50), додека неговиот син (24) беше тешко ранет и е во болница.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб/ ИнстаграмИзвор: Telegraf.rs