Никој не знае што тече од овој извор: Лекува од најтешки дијагнози, а луѓе од целиот свет доаѓаат да побараат последна спас

Добивај вести на Viber

Во малото француско гратче Лурд, сместено под Пиринеите, пред повеќе од еден век започна приказна што и денес ја одржува верата на милиони луѓе низ светот. 

Во 1858 година, 14-годишната Бернадета Субиру тврдела дека ѝ се појавила Богородица – Дева Марија во пештера наречена Масабиел.

 Визиите се повториле 18 пати, а во една од нив, Богородица ѝ рекла на девојчето да копа во земјата во близина на пештерата.

Така, од местото каде што Бернадета копала со рацете, извирал нов извор, за кој никој до тогаш не знаел. Луѓето што биле присутни сведочеле дека водата започнала да тече веднаш и дека оние кои ја пиеле или се миеле со неа почувствувале необично олеснување и мир. Брзо се проширила веста дека водата е чудотворна и дека има лековити својства, па Лурд за кратко време станал место на масовно поклонување и молитва.

Во наредните децении таму бил изграден голем верски комплекс – со базилика, капели и патеки за молитви. Секоја година, во Лурд пристигнуваат околу шест милиони поклоници од сите континенти, меѓу кои и многу болни лица кои доаѓаат со надеж за оздравување. Водата се користи за капење, пиење и благословување, а илјадници луѓе однесуваат шишиња со вода дома како благослов и симбол на верата.

Фото извор: Википедиа

Медицински чуда и духовна порака

За да се избегнат злоупотреби и шпекулации, Католичката црква во 1883 година формирала специјално тело – Медицинско биро во Лурд (Bureau Médical de Lourdes), кое и денес ја проверува автентичноста на пријавените чуда. Според нивните податоци, до сега се регистрирани над 7.000 случаи на необјасниви оздравувања, од кои 70 се официјално признати од Ватикан како чудесни.

Интересно е што научните анализи покажуваат дека водата од Лурд е хемиски обична изворска вода – без посебни минерали или активни супстанции што би можеле да предизвикаат физичко исцелување. Таа е кристално чиста и питка, но не содржи ништо што ја издвојува од другите извори. Според верниците, нејзината сила не е во составот, туку во верата со која се пие.

Фото извор: Википедиа

Денес, Лурд е едно од најпосетуваните светилишта во католичкиот свет, заедно со Ватикан и Фатима. Освен што претставува место на молитва и духовен мир, тој е и симбол на надежта – дека чудата навистина постојат, но се случуваат таму каде што верата е посилна од сомнежот. 

Извор / Фото извор: Википедиа