Пожарот не бил несреќен случај, туку бил намерно подметнат: Кочани потсети на трагедија која е прогласена за една од најцрните во поновата историја на Нови Сад

Добивај вести на Viber

Балканот го погоди голема трагедија во ноќта меѓу сабота, 15 март и недела, 16 март, кога во страшен пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 63 лица, а над 150 беа повредени. 

Оваа трагедија ја потресе целата јавност и ја потсети Србија на несреќата што се случи во 2008 година во Нови Сад – во кафулето „Лаунџ“, каде што животот го загубија осум млади луѓе.

Пожарот во кафулето „Лаунџ“ избувнал на 17 февруари 2008 година, при што загинале: Милош Пекиќ (19), Мирјана Пекиќ (23), Милена Колунџиќ, Борис Бејкиќ (23), Душица Кулаш (23), Марија Гавранчиќ (23), Владан Драговиќ (23) и Бранка Саковиќ (23).

Фото извор: Blic.rs

Истрагата подоцна утврдила дека во локалот немало противпожарна заштита и дека постоел само еден излез, преку кој успеале да се спасат само две лица – Маја Миликшиќ и Александар Антиќ. 

Пожарот започнал во кафулето на улицата З мај, кога, според медиумските извештаи, незадоволен гостин запалил облога од јамболија на скалите, од каде што пламенот брзо се проширил и ја зафатил внатрешноста.

Сведоците потврдиле дека во моментот на пожарот во кафулето биле присутни и Малешев и Кулачанин. Според истрагата, токму Малешев ја запалил јамболијата која го обложувала ѕидот над скалите, а подоцна било утврдено дека имал 3,2 промили алкохол во крвта.

Иако противпожарните екипи пристигнале брзо на местото, пламенот бил толку силен што седум лица починале на лице место, а уште едно лице подоцна им подлегнало на повредите во болница.

За оваа трагедија, Милош Малешев од Нови Сад бил осуден на 12 години затвор, но според Законот за амнестија од 2012 година, казната му била намалена на девет години. Сопствениците на кафулето, Тамаш Колар и Срѓан Бован, биле осудени на по седум години затвор, а Бојан Кулачанин добил две години за помагање при предизвикувањето на пожарот.

Трагедијата во „Лаунџ“ остана запаметена како една од најцрните ноќи во поновата историја на Нови Сад – симбол на човечка небрежност, но и на болката што никогаш не избледува за семејствата на младите животи што згаснаа предвреме.



Извор: Mondo / Фото извор: Принтскрин YT Radio Televizija Vojvodine