Голем успех: Седмо место за Нела Манческа на детската Евровизија
Нашата млада претставничка Нела Манческа со песната „Miracle“ успеа да ѝ донесе на Македонија одлично седмо место на 23. издание на Детската Евровизија, што вечерва се одржа во Тбилиси, Грузија.
Победата ја однесе Франција со композицијата „Ce Monde“, додека Грузија и Украина се најдоа на второто и третото место.
Според резултатите од стручните жирија, Манческа освои 92 поени, со што се пласира на петтото место во овој дел од гласањето. Дополнителните 49 поени од публиката ѝ овозможија да се искачи на конечната седма позиција.
Настапот на Нела беше проследен со силен аплауз и позитивни реакции од присутните во салата. Со својата моќна интерпретација, харизма и сценска енергија, таа уште еднаш покажа дека младите македонски таленти имаат што да понудат на европската сцена.
Песната „Miracle“ е авторско дело на Лазар и Магдалена Цветкоски, чиј препознатлив музички потпис повторно донесе успех и гордост за Македонија.