Стар духовен обичај вели дека некои нечистотии од просторот не исчезнуваат со проветрување –еден едноставен чин што денес ретко го практикуваме, а треба
„Темјанот е чудо Божјо“, велел отец Тадеј, потсетувајќи нè дека прочистувањето на просторот не завршува со отворање прозорци. Постојат нешта што не се гледаат со око, но се чувствуваат – во воздухот, во мислите, во немирот што понекогаш останува и кога домот е чист и тивок.
Во православната традиција, темјанот има длабоко симболично и духовно значење. Неговиот мирис не е само пријатен, туку се смета за средство што го прочистува просторот од невидливи нечистотии, тежина и негативна енергија. Според црковното учење, некои „отрови“ што остануваат во воздухот – било тие духовни или емоционални – се уништуваат токму со темјанот.
Палењето темјан во домот не е магиски ритуал, туку чин на молитва и смирување. Се верува дека злите сили бегаат таму каде што има молитва, вера и мир, а темјанот е симбол на таа молитва што се издига кон небото. Затоа не е случајно што се користи во црквите, но и во домовите, особено во тешки моменти, при болест, немир или тага.
Во време кога живееме брзо, оптоварени и често исцрпени, темјанот нè потсетува да застанеме. Да запалиме мал пламен, да се помолиме, да го исчистиме не само воздухот, туку и срцето. Понекогаш, токму тишината со мирис на темјан е она што најмногу ни недостига.
РЖМ/ИС - Фото: Фејсбук